Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, беше хоспитализиран вечерва по сообраќајна несреќа во близина на Манчестер во американската држава Њу Хемпшир, соопшти неговиот портпарол Мајкл Рагуса.
Во објава на X, Рагуса рече дека Џулијани претрпел фрактура на пршлен и неколку посекотини откако друго возило со голема брзина го удрил неговиот изнајмен автомобил.
„Градоначалникот Џулијани беше сопрен од жена која била жртва на семејно насилство пред несреќата. Тој пружил помош и контактирал со 911, останувајќи на местото на настанот додека не пристигнале полицајците за да се осигурат нејзината безбедност“, рече Рагуса, шеф на обезбедувањето на Џулијани.
„Несреќата се случила откако тој повторно влегол во своето возило, кое потоа било удрен одзади со голема брзина.“
Рагуса рече дека Џулилани, кој беше градоначалник од 1994 до 2001 година, е во „одлично расположение“ и се очекува да биде отпуштен од болница за неколку дена, објави Ројтерс.
Џулијани беше адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговите неуспешни обиди да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата