На денешниот НАТО самит во Хаг, фокусот е ставен на можноста земјите-членки да го зголемат буџетот за одбрана, со потенцијал да достигне 5% од нивниот БДП. Овој потег доаѓа по долги барања за поголема ангажираност на европските партнери во алијансата.
Предлогот кој кружи меѓу лидерите подразбира распределба од 3,5% за традиционални воени активности, а останатите 1,5% да бидат насочени кон широк спектар безбедносни области, како сајбер одбрана, инфраструктура и цивилна заштита.
Иако Германија позитивно го гледа овој план, некои држави како Шпанија и Италија укажуваат на потребата од повеќе време за прилагодување или исклучоци од овој модел.
Сепак, Украина нема да добие конкретни ветувања за членство на овој самит, што е причина за фрустрација во Киев.
Состанокот во Хаг е планиран да биде краток и фокусиран, имајќи предвид спецификите на актуелниоте лидери и нивниот однос кон мултилатералните формати.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата