logo
logo
logo

Русија вети поддршка за иранскиот народ при растечка нестабилност на Блискиот Исток

Vecer | 23.06.2025

Русија вети поддршка за иранскиот народ при растечка нестабилност на Блискиот Исток

Русија најави дека ќе преземе конкретни чекори за да му помогне на иранскиот народ во време кога ситуацијата на Блискиот Исток ескалира. Ова го потврди рускиот претседател Владимир Путин при средбата со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

Имаме долгогодишни, добри и стабилни односи со Иран. Ние вложуваме напори за поддршка на иранскиот народ.

Владимир Путин

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека Русија е на страната на историјата во светло на американските и израелските напади врз Иран.

Денес, Русија стои на вистинската страна од историјата и меѓународното право.

Абас Арагчи

Арагчи ја изрази благодарноста од името на Иран кон руските партнери за нивната „јасна осуда на агресивните постапки против Иран“.

Покрај тоа, Путин оствари телефонски разговор со премиерот на Ирак, Мохамед ал-Судани. Во разговорот беше детално анализирана состојбата на Блискиот Исток и последиците од операциите на израелските сили против Иран, како и последичниот напад на САД врз иранските нуклеарни постројки, соопшти прес-службата на Кремљ.

Во телефонскиот разговор меѓу претседателот на Руската Федерација и премиерот на Ирак беше обезбедена длабинска размена на мислења за актуелната состојба и можните идни чекори во регионот.

Кремљ

Путин и Судани се согласија да соработуваат за организацијата на првиот руско-арапски самит, планиран за октомври.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk