Цените на златото паднаа за 0,4 отсто од рекордно високо ниво од 3.245,42 долари за унца, откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги ослободи паметните телефони и компјутерите од реципрочни царини.
Цената на златото денес е 3.223,12 долари за унца, а Goldman Sachs останува меѓу најоптимистичните големи банки кога станува збор за цената на овој благороден метал, пренесува Ројтерс.
Наведувајќи ја поголемата побарувачка од централните банки и зголемените ризици од рецесија, Goldman Sachs предвидува дека златото ќе вреди 3.700 долари до крајот на 2025 година.
Американскиот долар падна на најниско ниво во однос на другите валути во последните три години, со што златните прачки деноминирани во долари поевтини за странските купувачи.
Цените на другите благородни метали покажаа раст на среброто за 0,3 отсто на 32,35 долари за унца, на платината за 0,9 отсто на 951,46 долари и на паладиумот за 1,7 отсто на 931,43 долари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата