logo
logo
logo

БЕЛАТА КУЌА ОБЈАВИ СЛИКИ - Трамп го гледал апсењето на Мадуро во живо

Vecer | 03.01.2026

БЕЛАТА КУЌА ОБЈАВИ СЛИКИ - Трамп го гледал апсењето на Мадуро во живо

Американскиот претседател Доналд Трамп објави серија фотографии на својата платформа „Truth Social“ на кои се гледа него и други американски функционери за време на синоќешните напади врз Венецуела и апсењето на претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга.

Трамп претходно изјави дека секој аспект од операцијата, помеѓу Флорида и копното на Венецуела, бил следен и откри дека ја гледал операцијата на специјалните сили во која беше уапсен венецуелскиот претседател Николас Мадуро во живо од неговиот клуб Мар-а-Лаго во Флорида.

Потсетуваме дека американскиот претседател Доналд Трамп рече дека нападот врз Венецуела бил „спектакуларен“ и дека тоа е „еден од најефикасните и најмоќните прикази на американската воена моќ“. Тој предупреди дека се подготвени за втор, „многу поголем“ бран што ќе ја погоди Венецуела.

„Доцна синоќа и рано денес, под мое водство, вооружените сили на Соединетите Американски Држави спроведоа вонредна воена операција во главниот град на Венецуела. Воздух, копно и море беа искористени за да се започне спектакуларен напад, каков што луѓето не виделе од Втората светска војна. Нападот врз силно утврдена воена тврдина во срцето на Каракас имаше за цел да го изведе пред лицето на правдата одметнатиот диктатор Николас Мадуро. Ова беше еден од најефикасните и најмоќните прикази на американската воена моќ и компетентност во американската историја“, рече Трамп.

Тој истакна дека акцијата била спроведена „совршено, без грешка“ и додаде дека ниедна друга земја во светот не може да го постигне она што го постигнале САД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk