logo
logo
logo

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАТЕЧЕНИ МАКЕДОНЦИ ВО КРИЗЕН ИСТОК

Vecer | 01.03.2026

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАТЕЧЕНИ МАКЕДОНЦИ ВО КРИЗЕН ИСТОК

Министерството за надворешни работи во кое вчера, со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, беше формиран кризен штаб, кој е на 24-часовно располагање на граѓаните објави дека се зголемува бројот на наши државјани кои се пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја, но не соопштија колав е тој број. Таква информација од МНР најавија за подоцна.

Задачата на кризниот штаб, според МНР, е континуирано да ја следи состојбата и да ги координира и систематизира сите постапки поврзани со македонските државјани кои се наоѓаат во и околу загрозените подрачја, а на кои им е потребна помош или асистенција.

Истовремено, дипломатско-конзуларните претставништва се во постојана комуникација и целосно на располагање на граѓаните.

„Согласно информациите од Амбасадите на Република Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби, како и според јавувањата на СОС телефонот во Министерството во Скопје, тековно се зголемува бројот на наши државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја.

Со сите пријавени лица се одржува постојан контакт, при што се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација, во зависност од развојот на состојбата.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи“, соопшти МНР.

За дополнителни информации и помош, според МИнистерството, на располагање се:

СОС дежурен телефон (МНРНТ):075/273-732

Амбасада на Република Македонија во ДохаТел: +974 50 173 111

Амбасада на Република Македонија во Абу ДабиТел: +971 56 441 7532

Амбасада на Република Македонија во Тел АвивТел: +972 54 500 8566Тел: +972 54 967 0546

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk