Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека во моментов не е поволен момент претседателот на Русија, Владимир Путин, да ја посети Будимпешта, бидејќи нема билатерални прашања за кои би требало да се разговара.
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во октомври изјави дека ќе разговара со Путин во Будимпешта, но до таква средба никогаш не дојде, пренесува Ројтерс.
Унгарија ќе се исклучи од воената економија и ќе се фокусира на економија на мирот, порача претходно премиерот Орбан на меѓународна конференција за новинарите.
Орбан наведе дека завршила една ера во меѓународната политика и дека новата епоха ќе биде ера на нациите, пренесува „Маѓар немзет“.
Според неговите зборови, едно од најважните прашања на новата ера во Европа ќе биде прашањето за војната и мирот, додека енергијата ќе биде едно од клучните прашања.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата