Министерот за одбрана на Израел, Израел Катц, излезе со јасна закана кон Иран, најавувајќи можни напади врз стратегиски важни цели во Техеран.
Доколку продолжите со воени напади и ракетирања насочени кон израелските цивили, вашата судбина ќе биде слична на онаа на некогашниот диктатор од регионот, порача Катц, насочувајќи ги зборовите кон врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хаменеи.
Израелските власти тврдат дека нападите врз иранските воени лидери, комплексите за збогатување ураниум и нуклеарни научници се од витално значење за да се спречи развојот на нуклеарно оружје во Иран.
Во последните неколку дена, судирите резултираа со смрт на најмалку 224 лица. Иран возврати со повеќе од 370 ракети и стотици дронови кон Израел, каде при нападите загинаа 24 луѓе, а над 500 беа повредени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата