logo
logo
logo

ОРБАН НАЈАВИ СУДБОНОСНИ ДЕНОВИ ЗА ЕВРОПА: „Војната доаѓа. Русите и Американците преговараат, Европејците разговараат“

Vecer | 05.12.2025

ОРБАН НАЈАВИ СУДБОНОСНИ ДЕНОВИ ЗА ЕВРОПА: „Војната доаѓа. Русите и Американците преговараат, Европејците разговараат“

Во наредните денови ќе се одлучи дали војната меѓу Русија и Украина ќе се прошири кон Европа или „жештината на војната ќе стивне засекогаш“, изјави денес унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Доколку важните преговори меѓу САД и Русија бидат успешни, жештината на војната ќе стивне и народот на Унгарија ќе може полесно да дише.

Сепак, ако преовлада волјата на Европејците, кои мислат дека војната треба да продолжи и дека треба да се реши на бојното поле, а не со барање мир, војната би можела да се прошири поблиску и заканата да расте“, рече Орбан, пренесува MTI.

Унгарскиот премиер минатата недела изјави дека повоениот поредок треба да вклучува трансформација на Украина во тампон-држава меѓу НАТО и Русија.

Тој изјави дека Западот ја вооружил Украина, де факто ја интегрирал во структурите на НАТО и има намера да ја направи де јуре членка на НАТО.

Орбан, исто така, оцени дека времето е на страната на Русија и додаде дека колку подолго е потребно за да се постигне мир, толку повеќе територија и човечки животи ќе изгуби Украина.

Тој исто така рече дека оние што имаат моќ преговараат, оние што ја немаат, разговараат, објавува Magyar Nemzet.

„Русите и Американците преговараат, Европејците се исклучени од преговорите, тие претпочитаат да разговараат“, рече Орбан.

Според него, ние сме во опасен момент, но и дека сме биле во таков „момент“ континуирано во последните четири години.

„Имаше разлики во различни фази. Сепак, наредните денови ќе одлучат дали војната ќе се приближи до Европа или ќе се изгаснат пламените на војната.

Ако руско-американските преговори бидат успешни, тој ќе биде помал (пламенот). Нема да бидеме надвор од опасност, но ризикот ќе биде помал. Ако преовлада волјата на Европејците, војната би можела да ни се приближи, а заканата од војна би можела да расте“, рече Орбан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk