logo
logo
logo

Кој е главен? ИЗРАЕЛ ПОВТОРНО ГО УРНА ПЛАНОТ НА ТРАМП ЗА МИР СО ИРАН

Vecer | 14.06.2026

Кој е главен? ИЗРАЕЛ ПОВТОРНО ГО УРНА ПЛАНОТ НА ТРАМП ЗА МИР СО ИРАН

Повторно, по трет пат, кога САД и претседателот Трамп треба да се договорат за примирје и мир со Иран на војната Израел врши масовни напади во Либан и преговорите паѓаат во вода. Гласините од Вашингтон дека израелскиот премиер Нетанјаху ја води надворешната политика на САД за Блискиот исток - повторно се потврдија.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека израелскиот напад врз Бејрут, изведен порано денеска, „не требаше да се случи“ и повика да не се уништува можноста за постигнување договор. “Особено не на овој ден кога сме блиску до потпишување мир со Иран“, изјави американскиот претседтаел Трамп.

Тој истакна дека САД и Иран се „многу блиску до склучување договор што ќе донесе мир во регионот, вклучително и во Либан“, додавајќи дека „сите страни треба да се повлечат“.

„Не треба да има повеќе напади од Израел, ниту од која било друга страна. Ова би можело да биде почеток на долг и убав мир. Да не го уништиме тоа!“, порача Трамп.

Во меѓувреме, заменик-командантот на иранската централна команда Хатам ал-Анбија, Мохамад Џафар Асади, изјави дека израелските „злосторства“ во јужните предградија на либанската престолнина нема да останат неказнети, пренесоа иранските државни медиуми.

Асади ја даде изјавата по израелските напади врз јужните предградија на Бејрут, за кои Израел тврди дека биле насочени кон проиранското движење Хезболах.

Главниот ирански преговарач Мохамад Багер Галибаф, пак, ги обвини САД дека не ги исполнуваат своите ветувања. Според него, израелските напади ги загрозуваат преговорите меѓу Техеран и Вашингтон.

„Израелската агресија врз јужните предградија на либанската престолнина уште еднаш покажа дека на САД им недостига волја или способност да ги исполнат своите ветувања“, изјави Галибаф.

Три лица загинаа во неделата во израелски воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут, втор таков напад во последната недела. Израел соопшти дека нападот бил одмазда за нападите на Хезболах врз северен Либан.

Иран, пак, секој можен договор со САД го условува со целосен прекин на огнот, вклучително и во Либан

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk