logo
logo
logo

Режисерот има забрана за снимање, А НЕГОВИОТ ФИЛМ ЈА ДОБИ ЗЛАТНАТА ПАЛМА

Vecer | 25.05.2025

Режисерот има забрана за снимање, А НЕГОВИОТ ФИЛМ ЈА ДОБИ ЗЛАТНАТА ПАЛМА

Филмот „Беше само несреќа“ од иранскиот режисер Џафар Панахи ја освои Златната палма на 78-то издание на Канскиот филмски фестивал.

Овој трилер ја раскажува приказната за пет дисиденти кои дебатираат дали да го убијат човекот што ги мачел.

Гореспоменатиот режисер во 2010 година е осуден на шест години затвор поради критикување на иранскиот режим во своите филмови и учество во протести. Исто така, му е забрането да снима филмови, да пишува сценарија, да дава интервјуа, да оди на аџилак и да ја напушта земјата во период од 20 години, освен од медицински причини.

Секако, „It Was Just an Accident“ е снимен без дозвола од владата.

Овогодинешната Златна палма ја доделија Кејт Бланшет и претседателката на Европската филмска академија Жулиет Бинош, која воедно го предводеше и жирито на натпреварувачката програма.

Целосната листа на победници е следнава:

Златна палма „Беше само несреќа“

Гран При „Сентиментална вредност“

Награда од жирито „Сиријат“ и „Звук на паѓање“

Најдобра актерка Надија Мелити („Малата сестра“)

Најдобар глумец Вагнер Моура („Тајниот агент“)

Најдобар режисер - Клебер Мендонса Фиљо („Тајниот агент“)

Најдобро сценарио Жан-Пјер Дарден и Лук Дарден („Домот на младата мајка“)

Златна камера Хасан Хади („Тортата на претседателот“)

Специјална награда - Би Ган („Воскресение“)

Златна палма за краток филм „Мило ми е што сега си мртов“ - Тавфик Бархом

Специјално споменување за краткиот филм „Али“ - Аднан Ал Раџив

Награда „Златно око“ во категоријата документарци: „Човекот од шест милијарди долари“

Квир палма Хафсија Херци „La Petite Dernière“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk