Европа е влезена во воена хистерија, се зборува само за подготовки на војна против Русија, под тој изговор се засилува контрола врз медиумите и социјланите мрежи додека социјалните и економкски проблеми властите се обидуваат да ги тргнат од дневен ред што создава отпор кај граѓаните и страв за нивната егистенција.
Протетси има низ повеќето големи европкси држави, се проетстира и против неконтролираната мигрантска политика која создава тензии меѓу домицилните граѓани и мигрантите.
Франција, заедно со Британија и Германија е лидер во таквата политика но, и во Германија и во Франција властите доживуваат пад на популарноста и ниски рејтинзи, или недоверба од сопствената јавност.

Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон достигна нов најнизок рекорд од 16 проценти, објави BFMTV, повикувајќи се на новата анкета на институтот ИФОП, нарачана од весникот „Журнал де Диманш“.
Со ваквите резултати Макрон се приближува до рејтингот на непопуларност на неговиот претходник Франсоа Оланд, кој во еден момент беше 13 проценти.
Анкетата покажува дека премиерот Себастијан Лакорни ужива доверба од 38 проценти од испитаниците.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата