Србија се соочува со директни барања од Брисел да испрати свои војници против Русија, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Парламентарното собрание на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ).
Лавров рече дека ОДКБ е заинтересирана за проширување на хоризонтите на соработка со пријателски земји, вклучително и во статус на набљудувачи и партнери, меѓу кои е и Србија, според парламентарната линија, пренесува Спутник.
„И ми се чини дека е многу важно овие врски да се одржуваат и зајакнуваат. Бидејќи Србија е исто така на фронтовската линија, на линијата на борбата за национална независност, и се соочува со директни барања од бирократите од Брисел да усвојат антируска политика, па дури и да испратат свои војници во тој блок, кој се закануваат дека ќе го формираат против нашата земја“, истакна Лавров.
Порано денес, тој предупреди дека поради кризата во НАТО, Западот би можел да формира нов блок со учество на Украина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата