Во деновите на немилосрдни воздушни напади, Израел ги таргетираше иранските нуклеарни објекти, воени бази и приватни резиденции, главно во западен Иран и околу главниот град Техеран.
Иако нападите доаѓаа од небото, се сомнева дека израелската разузнавачка служба Мосад, исто така, одигра клучна улога во лоцирањето цели и директното насочување на операциите од земја.

МОСАД официјално е Институт за разузнавање и специјални операции — израелска разузнавачка агенција. Одговорна е за прибирање на разузнавачки информации, организирање на тајни операции, контраразузнавање, спречување на паравоени активности и атентати, како и борба против тероризмот.
Мосад е една од најдобро познатите и високо вреднувани агенции за разузнавање во светот. Позната е по својата ефикасност. Седиштето на агенцијата се наоѓа во Тел Авив.
Мосад официјално е формирана на 13 декември 1949 година под името Централен институт за координација, по препорака на премиерот Давид Бен-Гурион до Реувен Шилоах, негов познаник.
Бен-Гурион сакал да создаде централно тело кое ќе ја координира и ќе ја напредне соработката меѓу постоечките тајни служби како Директоратот за воено разузнавање, т.н. Аман, Израелската безбедносна агенција, позната и по кратенките Шабак и Шин Бет, и странските служби.
Сепак, Мосад не бил активиран сè до 1 април 1951 година поради административни причини. Претходно, во март 1951 година службата била реорганизирана и надградена како дел од кабинетот на премиерот, потчинета директно на него. Нејзин прв директор, уште од 1949 година бил Шилоах, кој бил наследен од Исер Харел во 1953 година.
Организациската структура на Мосад е официјално класифицирана (тајна). Мосад е организиран во дивизии, секоја предводена од директор кој е еквивалентен на генерал-мајор во Израелските одбранбени сили.
Најголемата дивизија на Мосад, со персонал од службеници наречени каци, задолжени за спроведување шпионажа во странство и водење агенти. Вработените во Цомет работат под различни маски, вклучувајќи дипломатски и неофицијални. Дивизијата ја водеше од 2006 до 2011 година Јоси Коен, а од 2013 до 2019 година Дејвид Барнеа, двајцата подоцна служеа како директори на Мосад.
Специјална единица наречена Месада наводно раководи со „мали единици борци“ чии мисии вклучуваат „атентати и саботажи“.
Мосад отвори фонд за ризичен капитал во јуни 2017 година, за инвестирање во високотехнолошки стартапи за развој на нови кибертехнологии. Имињата на технолошките стартапи финансирани од Мосад не се објавени.
Резултатите од новата реорганизација и ориентација кон високо технолошки модел на делување се видоа последниве години, заклучно со актуелната војна во Иран.

Се верува дека агентите на Мосад во Иран, со години анназад, користеле беспилотни летала шверцувани во земјата за да ги таргетираат преостанатите ирански системи за воздушна одбрана, на пример, а иранските власти претходно признаа дека се сомневаат дека нивните безбедносни сили биле инфилтрирани од израелската разузнавачка служба.
Значителен број клучни воени лица и нуклеарни научници се убиени откако започнаа израелските напади на 13 јуни, што сугерира дека Израел имал информации за нивните движења и локации.
Не е лесно да се процени улогата на Мосад во овие настани.
Израел ретко коментира за активностите на организацијата, а постојат и други гранки на разузнавачкиот апарат, но еве сè што знаеме досега за високопрофилираните минати операции на агенцијата.
УСПЕСИ НА МОСАД
Атентат врз лидерот на Хамас, Исмаил Ханија

Политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, беше убиен додека престојуваше во својата резиденција во Техеран на 31 јули 2024 година. Израел првично не ја презеде одговорноста за атентатот, но неколку месеци подоцна министерот за одбрана Израел Кац потврди дека Израел стои зад атентатот.
Сепак, околностите околу смртта на Ханија остануваат нејасни.
Калил ал-Хаја, висок функционер на Хамас, на прес-конференција изјави дека ракетата го погодила Ханија „директно“, повикувајќи се на сведоци кои биле со него. Но, извештајот на „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на седум службеници, тврди дека Ханија е убиен од бомба прошверцувана во зградата каде што престојувал два месеци претходно.
Би-Би-Си не можеше да потврди ниту едно од овие тврдења.
Ханија е еден од бројните лидери на Хамас убиени од Израел по нападот на групата врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, вклучувајќи го лидерот на Хамас во Појасот Газа Јахја Синвар, неговиот брат Мухамед, шефот на военото крило на Хамас Мухамед Деиф и неговиот заменик Марван Иса.
ЕКПЛОДИРАА ПЕЈЏЕРИТЕ НА ХАМАС

Илјадници пејџери низ Либан, претежно во области со силно присуство на Хезболах, експлодираа истовремено на 17 септември 2024 година. Експлозиите повредија или убија корисници и некои минувачи, ширејќи широка паника и конфузија.
Следниот ден, рачни радио на станицаи експлодираа на ист начин, убивајќи и повредувајќи стотици други.
Во времето на нападите, Израел и Хезболах се борат во конфликт кој излезе од контрола откако Хезболах ги нападна израелските позиции по нападите врз Хамас на 7 октомври.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху призна два месеци подоцна дека Израел е одговорен за нападите, објавија израелските медиуми во тоа време. Во интервју за Си-Би-Ес, американскиот медиумски партнер на Би-Би-Си, двајца поранешни агенти открија детали од операцијата, велејќи дека Мосад криел експлозивни направи во батериите на функционалните рачни слушалки, кои обично се носат во елек близу до срцето на сопственикот.
Хезболах несвесно купил повеќе од 16.000 рачни слушалки „по добра цена“ од лажна компанија 10 години претходно, рекоа агентите, а подоцна купил уште 5.000 пејџери, објави Си-Би-Ес.
Експлозиите предизвикаа потреси низ Либан, а детонации се случуваа секаде каде што се носеа пејџерите, вклучително и во супермаркетите. Болниците беа преполни со жртви, од кои многумина беа осакатени.
Шефот на ОН за човекови права, Волкер Турк, го нарече нападот воено злосторство.
АТЕНТАТ ВРЗ МУХСИН ФАХРИЗАДЕ

Во ноември 2020 година, конвој во кој што беше и Мухсен Фахризаде, врвниот ирански нуклеарен научник, беше под силен оган во градот Абсард, источно од главниот град Техеран. Фахризаде беше убиен од митралез со далечинско управување со употреба на вештачка интелигенција.
„Такво хируршки прецизно атентат врз подвижна цел без цивилни жртви бара разузнавачки информации во реално време од земјата“, напиша тогаш новинарот на BBC на персиски јазик, Џијар Гол.
Во април 2018 година, Нетанјаху покажа десетици папки со документи наводно поврзани со нуклеарната програма на Иран, за кои рече дека биле украдени од Мосад неколку месеци претходно во смел напад врз магацин на само 30 километри од Техеран (тврдење подоцна потврдено од иранскиот претседател Хасан Рохани).
Презентирајќи ја архивата на специјално свикана прес-конференција, израелскиот премиер ја истакна улогата на Мухсен Фахризаде во она што го нарече „неофицијална програма за нуклеарно оружје“.
„Д-р Мохсен Фахризаде... запомнете го тоа име“, повтори тој.
Иран претходно го обвини Израел за атентатот на уште четири ирански нуклеарни научници помеѓу 2010 и 2012 година.
МАХМУД АЛ-АБУ - ЗАДАВЕН

Махмуд ал-Мабу, висок воен лидер на Хамас, бил убиен во хотел во Дубаи во 2010 година. На почетокот, се чинеше дека станува збор за природна смрт, но полицијата во Дубаи на крајот успеа да го идентификува како екипата за атентат откако ги прегледа снимките од безбедносните камери.
Полицијата подоцна утврди дека ал-Мабу бил убиен од електричен удар и последователно давење. Се сомнева дека операцијата била оркестрирана од Мосад, што предизвика дипломатски бес од Обединетите Арапски Емирати.
Израелските дипломати тврдат дека нема докази што го поврзуваат Мосад со нападот. Сепак, тие не ја негираа вмешаноста, што е во согласност со политиката на Израел за одржување „амбивалентност“ во врска со ваквите прашања.
ЈАХЈА И ТЕЛЕФОН КОЈ ЕКСПЛОДИРА

Јахја Ајаш, клучен производител на бомби за палестинската екстремистичка група Хамас, беше убиен во 1996 година со поставување 50 грама експлозив во неговиот мобилен телефон Моторола Алфа.
Ајаш, истакнат лидер на военото крило на Хамас, беше познат по својата експертиза во правењето бомби и оркестрирањето сложени напади врз израелски цели. Тој стана примарна цел на израелските безбедносни сили и еден од најбараните луѓе во Израел.
Кон крајот на 2019 година, Израел ја укина цензурата за некои детали од убиството, а израелската телевизија Канал 13 емитуваше снимка од последниот телефонски разговор на Ајаш со неговиот татко.
„ОПЕРАЦИЈА БРАЌА“

Во еден вонреден чин на измама, дејствувајќи по наредба на премиерот Менахем Бегин, Мосад шверцувал повеќе од 7.000 етиопски Евреи во Израел преку Судан во раните 1980-ти, користејќи лажен одморалиште за нуркање како маска.
Судан бил непријател на Арапската лига, па затоа, работејќи тајно, тим агенти на Мосад основале одморалиште на брегот на Судан на Црвеното Море, кое го користеле како база. Дење, тие се претставувале како хотелски персонал, а ноќе, ги шверцувале Евреите, кои тајно пристигнале од соседна Етиопија, надвор од земјата по воздушен и морски пат.
Операцијата траела најмалку пет години, и додека била откриена, агентите на Мосад веќе успеале да избегаат.
ОДМАЗДА ПО КИДНАПИРАЊЕТО ИЗРАЕЛЦИ НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО МИНХЕН

Во 1972 година, палестинската екстремистичка група Црн септември уби двајца членови на израелскиот олимписки тим на Олимписките игри во Минхен и зароби уште девет. Заложниците подоцна беа убиени во неуспешен обид за спасување од страна на западногерманската полиција.

Мосад потоа нападна голем број членови на Движењето за ослободување на Палестина, вклучувајќи го и Махмуд Хамшари. Тој беше убиен од експлозивна направа поставена во телефон во неговиот стан во Париз. Хамшари ја изгуби ногата во експлозијата и подоцна им подлегна на раните.
Атентатите на Хамшари и Ајаш истакнуваат долга и детална историја на употребата на напредна технологија за целни убиства.
„ОПЕРАЦИЈА ЕНТЕБЕ“

„Операцијата Ентебе“ во Уганда во 1976 година се смета за една од најуспешните израелски воени мисии. Мосад обезбеди разузнавачки информации, додека израелската армија ја спроведе операцијата. Авионот, кој леташе од Тел Авив до Париз преку Атина, превезуваше 250 патници, вклучувајќи 103 Израелци.
Киднаперите, двајца членови на Народниот фронт за ослободување на Палестина и двајца германски соучесници, го пренасочија авионот кон Уганда.
Израелските командоси го нападнаа аеродромот и ги спасија преостанатите 100 израелски заложници. Тројца заложници, сите киднапери, неколку угандански војници и Џонатан Нетанјаху, брат на сегашниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху, беа убиени во операцијата.
АДОЛФ АЈХМАН НА СУДЕЊЕ ВО ИЗРАЕЛ

Киднапирањето на нацистичкиот офицер Адолф Ајхман во Аргентина во 1960 година е еден од најпознатите разузнавачки успеси на Мосад.
Ајхман, клучен архитект на холокаустот, беше одговорен за прогонот на Евреите во нацистичките концентрациони логори за време на Втората светска војна, во кои околу шест милиони Евреи починаа од рацете на нацистичка Германија. Откако избегна апсење со движење помеѓу неколку земји, Ајхман на крајот се насели во Аргентина.
Тим од 14 агенти на Мосад го пронашол, го киднапирал и го вратил во Израел, каде што бил суден и на крајот погубен.
НЕУСПЕСИТЕ НА МОСАД
Мосад имаше и некои значајни неуспеси.
НАПАД ОД ХАМАС НА 7 ОКТОМВРИ 2023 година

Нападот на палестинските екстремистички групи предводени од Хамас, кога одеднаш го нападнаа јужен Израел од Појасот Газа на 7 октомври 2023 година, ги изненади израелските безбедносни сили целосно. Неуспехот на Мосад да го предвиди нападот се смета за огромно фијаско, во однос на проектирањето, според аналитичарите, на слабост во политиката на одвраќање на Израел кон Хамас.
Нападот од 7 октомври резултираше со смрт на околу 1.200 луѓе, претежно цивили, според израелските власти. Уште 251 лице беа земени како заложници во Газа.
Како одговор на нападот на Хамас, Израел објави војна на Појасот Газа, во кој загинаа повеќе од 55.000 луѓе, повеќето од нив цивили, според Министерството за здравство на Газа.
Како Хамас изврши молскавичен напад врз Израел за кој никој не веруваше дека е можен?
Во февруари 2025 година, израелската војска го објави првиот официјален извештај за неуспесите што доведоа до нејзините неуспеси за време на изненадувачкиот напад на Хамас. Извештајот нема никакви драматични откритија, но сепак е отрезнувачки да се видат заклучоците на израелската војска дека погрешно ги проценила намерите на Хамас и ги потценила неговите способности.
Во извештајот се наведува дека војската ја сметала Газа за секундарна безбедносна закана, со приоритет даден на Иран и Хезболах, либанската воено-политичка организација која со години е поддржана од Техеран. Во извештајот се вели дека нејзината политика кон Газа била „парадоксална: Хамас бил нелегитимен, но немало обиди за развој на алтернатива“.
Војската избрала пристап на „управување со конфликти“ во справувањето со екстремистите од Појасот Газа, се вели во него. Израелската војска претпоставила дека Хамас „ниту е заинтересиран ниту се подготвува за војна од големи размери“, перцепција засилена од сопствената тактика на измама на Хамас.
Во април 2024 година беше објавено дека шефот на израелската воена разузнавачка служба поднел оставка. Генерал-мајор Ахрон Халива ќе се пензионира кога ќе биде избран неговиот наследник, соопшти израелската војска во тоа време.
Во писмо, тој признал дека неговата разузнавачка агенција „не успеала да го исполни својот мандат“. Тој бил првиот висок функционер кој поднел оставка поради најсмртоносниот напад во израелската историја.
АФЕРАТА ЛАВОН

Во 1954 година, Израел спроведе тајна разузнавачка операција со лажно знаме во Египет, која наскоро беше разоткриена, предизвикувајќи една од најголемите политички кризи во раната историја на земјата.
Случајот, познат како Аферата Лавон, вклучуваше израелски воени разузнавачки агенти кои поставуваа бомби врз западни цивилни цели во Египет, обидувајќи се лажно да ги припишат нападите на египетските екстремисти, според Енциклопедијата Британика и декласифицираните израелски архивски документи.
Операцијата беше интерно наречена Операција Сузана и денес е јасно опишана во историографијата и официјалните архиви како операција со лажно знаме - тајна акција во која вистинскиот сторител е маскиран со цел да ја доведе во заблуда меѓународната јавност и странските влади во врска со одговорноста за нападите.
Според Британика, израелската воена разузнавачка служба регрутирала мала мрежа египетски Евреи кои поставиле импровизирани експлозивни направи во американските и британските културни институции во Каиро и Александрија во 1954 година, вклучувајќи библиотеки и кино сали.
Целта не беше редизвикување масовни жртви, туку ограничена материјална штета - но со клучен услов нападите да изгледаат како дело на египетски националистички или „исламистички“ групи, а не на Израел.
Операцијата брзо пропадна. Според „Британика“ и „Еврејската виртуелна библиотека“, еден од оперативците бил уапсен откако експлозивна направа предвреме му се детонирала во џебот. Египетските власти набрзо ја разоткриле целата мрежа.
Според податоците од Канцеларијата на историчарите на американскиот Стејт департмент, египетските судови осудиле двајца од обвинетите на смрт, додека другите добиле долгогодишни затворски казни. Вклученоста на Израел во нападите - која претходно лажно им се припишувала на други - станала јавна, предизвикувајќи сериозен дипломатски срам за Израел.
НЕУСПЕШЕН ОБИД ЗА АТЕНТАТ ВРЗ ЛИДЕРОТ НА ХАМАС Халед Мешал

Една од операциите што доведе до голема дипломатска криза беше обидот на Израел да го убие Халед Мешал, шефот на политичкото биро на Хамас, во Јордан во 1997 година.
Израелските агенти се обидоа да го отрујат, но беа фатени, а Израел потоа беше принуден да обезбеди противотров за да го спаси Мешал. Тогашниот шеф на Мосад, Дани Јатом, отпатува во Јордан за да го достави противотровот.
Овој обид за атентат значително ги оштети односите меѓу Јордан и Израел.
ВОЈНАТА НА ПРАЗНИКОТ ЈОМ КИПУР

Точно 50 години пред нападот од Хамас со 1.200 ирзаелски жртви, Израел беше изненаден на сличен начин. На 6 октомври 1973 година, Египет и Сирија започнаа изненадувачки напад врз Израел за да го вратат Синајскиот Полуостров и Голанската Висорамнина.
Времето на нападот е на Јом Кипур, еврејскиот ден на покајание и искупување, го изненади Израел во раните денови од војната. Египет и Сирија го нападнаа Израел на два фронта. Египетските сили го преминаа Суецкиот канал, претрпувајќи само дел од очекуваните загуби, додека сириските сили ги нападнаа израелските позиции и ја пробија Голанската Висорамнина.
Советскиот Сојуз обезбеди снабдување за Сирија и Египет, а Соединетите Држави обезбедија итни линии за снабдување и поддршка за Израел.
Израел успеа да ги одбие силите, а војната заврши на 25 октомври - четири дена откако Обединетите нации усвоија резолуција со која се повикува на прекин на борбите. Но, и покрај тоа Израел имаше големи загуби во “јомкипурската шестдневна војна“ : 2656 убиени, 7250 ранети, повеќе од 340 заробени, 400 уништени тенкови, 600 оштетени тенкови и 102 уништени авиони.
Оваа војна имаше далекусежни последици.
Арапскиот свет, кој беше понижен од неуспешниот сојуз на Египет, Сирија и Јордан во Шестдневната војна, и покрај декларираната оправданост во раните успеси на војната.
Во Израел, војната, и покрај импресивните оперативни и тактички достигнувања на бојното поле, доведе до признавање дека не постои гаранција за трајна израелска воена доминација над арапските земји. Овие промени создадоа услови за почеток на мировни преговори.
Со склучениот договор од Камп Дејвид во 1978 година, беше договорено враќањето на Синај на Египет и беше воспоставена нормализација на односите; за прв пат арапска држава (Египет) го призна Израел. Египет почна да се оддалечува од СССР, за конечно да ја напушти советската сфера на влијание.
Vecer.mk/BBC
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата