Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека западните земји ги губат своите лидерски позиции и им отстапуваат место на нови центри за раст и земји од Глобалниот Југ, и дека земјите што ја поддржуваат нивната сувереност во клучните области играат важна улога во оваа архитектура.
Во видео обраќање до учесниците на форумот „Отворен дијалог“, тој рече дека претходните пристапи, како и воспоставените норми и правила на деловниот живот и меѓународните односи, постепено ја губат силата, вклучително и поради постапките на западните земји што ги губат своите лидерски позиции, пренесува „Спутник“.
Според него, сите елементи на глобалниот раст, од економијата и финансиите до технологијата и демографијата, неповратно се менуваат и во моментов се обликува мултиполарна архитектура на глобалниот развој, пренесува РИА „Новости“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата