Епидемијата на ебола во источен Конго, од која досега починаа 192 лица, сè уште не го достигнала врвот и може да трае до една година, изјави во понеделник Бруно Мишон, координатор на операциите на Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
„Многу е тешко точно да се процени колку се шири епидемијата... но да, врвот, мислам, не е зад нас, туку пред нас. Се плашиме дека ова може да потрае една година за да се стави крај на оваа болест“, изјави Мишон за новинарите, објави Ројтерс.
Конго пријави повеќе од 800 случаи на реткиот сој на вирусот Бундибугио што ја предизвикува еболата, за кој нема докажан третман или вакцина, а досега починале 192 лица.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата