Високиот претставник за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, ја оцени Русија како сериозна закана за безбедноста на европските држави. Таа посочи на зголемувањето на руските воени трошоци, кои ги надминуваат сите заеднички вложувања на 27-те земји-членки на ЕУ.
Особено загрижувачки се зачестените случаи на саботажа, сајбер-напади и нарушувања на воздушниот простор, како и провокативните воени маневри и напади врз енергетската инфраструктура, вклучително подморските објекти.
Овие коментари доаѓаат во време на пораст на руските напади врз Украина и неколку потврдени случаи на руска саботажа и во земји на Европската Унија, како Полска, Германија и Чешка.
Калас апелираше до европските лидери да го зајакнат одбранбениот капацитет, подобрат споделување на разузнавачки информации и да инвестираат повеќе во заедничката безбедност, за да се овозможи блокот да биде подготвен за сите идни предизвици.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата