logo
logo
logo

ЧЕТИРИ ТОНИ КОКАИН ЗАПЛЕНЕТИ ВО ШПАНИЈА: Уапсени 48 трговци со дрога

Vecer | 06.06.2025

ЧЕТИРИ ТОНИ КОКАИН ЗАПЛЕНЕТИ ВО ШПАНИЈА: Уапсени 48 трговци со дрога

Шпанските власти, во соработка со Европол, уапсија 48 лица и запленија речиси четири тони кокаин во операција за разбивање на најголемата криминална банда на Канарските Острови, објави денес Европол.

Покрај запленувањето на 3,8 тони кокаин од Јужна Америка, властите спроведоа и 29 претреси и запленија уште 69 возила, шест имоти и 100.000 евра во готово.

Во соопштението на Европол се вели дека бандата увезувала кокаин од Јужна Америка во Европската Унија користејќи софистицирана поморска инфраструктура.

Бандата поседувала 11 моторни чамци кои биле користени постојано, тргнувајќи од стратешки точки во Атлантскиот Океан кон матичниот брод што транспортирал кокаин.

Откако ќе ја натовареле дрогата во глисери, осомничените ја оставале на Канарските Острови, подготвена за дистрибуција.

Покрај тоа, криминалната мрежа користела сложен шифриран комуникациски систем за да избегне апсење, вклучително и употреба на сателитски терминали или телефони што тешко се следат, се додава во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk