Американски конгресмени истакнаа дека Соединетите Американски Држави се подготвени да преземат мерки во случај Иран да не го запре развојот на својата нуклеарна програма. Делегација од четири конгресмени, составена од двaјца демократи и двaјца републиканци, уште еднаш ја потенцира важноста на сојузниците од Персискиот Залив, при средбите во Обединетите Арапски Емирати, додека продлабочениот конфликт меѓу Израел и Иран го подгрева застојот во нуклеарните преговори меѓу Вашингтон и Техеран.
Иран кој би располагал со нуклеарно оружје претставува суштинска закана.
Делегацијата престојува и во други држави во регионот, меѓу кои Саудиска Арабија, за да ја согледа ситуацијата околу т.н. „Абрахамски договор“, преку кој во 2020 година четири арапски земји воспоставија дипломатски односи со Израел.
Доколку Иран нападне американски сили, уверувам дека ќе следува сериозен одговор. Претседателот ги распоредува силите токму поради подготвеност.
Зак Нан, републикански конгресмен, подвлече дека нуклеарните преговори со Иран би добиле поддршка од САД, но со јасни последици ако нема поместување.
Ова треба да биде ставено на маса за преговори. Иран мора да разбере дека САД се подготвени да интервенираат доколку одбие да се согласи на мирно решение за нуклеарната програма.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата