logo
logo
logo

ГЕРМАНИЈА ПОДГОТВУВА МЕРКИ поради можен недостиг на керозин

Vecer | 20.04.2026

ГЕРМАНИЈА ПОДГОТВУВА МЕРКИ поради можен недостиг на керозин

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска потврди дека сојузната влада е подготвена да интервенира доколку се појави недостиг на керозин во Европа. Иако призна дека снабдувањето во моментов е отежнато, тој нагласи дека состојбата е сè уште стабилна.

Како што пренесува „Шпигел“, Мерц најави итно свикување на Националниот совет за безбедност за да се разгледа стратегијата за енергетска стабилност. Според него, клучниот приоритет на државата во овој период е да им обезбеди на стопанството и на граѓаните сигурна и непречена испорака на дизел, бензин и авионско гориво.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk