Американскиот апелационен суд донесе одлука со која на сојузната држава Тексас ѝ се дозволува да бара Десетте божји заповеди да бидат истакнати во училниците на јавните училишта.
Одлуката ја донесе Апелациониот суд на Петтиот округ на САД, кој заклучи дека законот на Тексас не го прекршува Првиот амандман на Уставот на САД. Овој амандман ги штити верските слободи и забранува воспоставување на државна религија, но судот смета дека во овој случај не станува збор за такво прекршување, пренесува „Си-ен-ен“.
Државниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон, ја оцени пресудата како „голема победа за Тексас и нашите вредности“, нагласувајќи дека Десетте заповеди имале длабоко влијание врз развојот на американското општество.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата