logo
logo
logo

ПОРАДИ СТРАВ ОД ЕБОЛА, АВИОН НА „ЕР ФРАНС“ ПРИНУДНО ПРЕНАСОЧЕН КОН МОНТРЕАЛ

Vecer | 21.05.2026

ПОРАДИ СТРАВ ОД ЕБОЛА, АВИОН НА „ЕР ФРАНС“ ПРИНУДНО ПРЕНАСОЧЕН КОН МОНТРЕАЛ

Портпаролот на американската Царинска служба за заштита на границите изјави дека оваа управа презела одлучна акција и забранила авион на француска компанија да слета на аеродромот Метрополитен во округот Вејн во Детроит.

„Поради ограничувањата за влез кои се воведени со цел да се намали ризикот од вирусот ебола, патникот не требало да се качи во авионот“, наведе портпаролот на оваа служба во соопштението.

Меѓународниот аеродром Монтреал-Трудо упати барање за објаснување до компанијата „Ер Франс“ (Air France), која потврди кое дека летот 378 бил пренасочен „на барање на американските власти“ откако во средата полетал од Париз, слетувајќи во Монтреал набрзо по 17 часот по источноамериканско време.

„Во авионот немаше итни медицински случаи, а како и сите авиокомпании, ’Ер Франс‘ е должен да се придржува до условите за влез на патниците во земјите каде што обезбедува услуги“, наведе портпаролот на „Ер Франс“ во соопштението.

Американските Центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во понеделникот објавија дека Соединетите Американски Држави ќе го ограничат влезот во земјата за лица без американски пасоши кои престојувале во Конго, Јужен Судан или Уганда во последните три недели. Ова ограничување ќе важи во следните 30 дена, пренесе американска ТВ-мрежа.

Во известувањето доставено до Федералниот регистар кое ќе биде објавено денеска, ЦДЦ и Министерството за внатрешна безбедност ги објавија новите ограничувања за пристигнување, врз основа на кои сите летови за САД со патници кои неодамна патувале во Конго, Уганда или Јужен Судан се пренасочуваат кон Меѓународниот аеродром Вашингтон-Далес во Вирџинија.

Ограничувањата почнуваат од денеска и се применуваат на секое лице кое доаѓа од овие три земји „во рок од 21 ден од датумот на влезот или обидот за влез на тоа лице“ во САД, се наведува во документот.

Далес е опишан како аеродром каде што владата на САД ги насочува ресурсите за јавно здравје со цел да спроведе засилени мерки за негова контрола.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk