logo
logo
logo

„Иран ќе биде ИЗБРИШАН ОД ЛИЦЕТО НА ЗЕМЈАТА“...ако...

Vecer | 05.05.2026

„Иран ќе биде ИЗБРИШАН ОД ЛИЦЕТО НА ЗЕМЈАТА“...ако...

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Иран дека ќе го „избрише од лицето на Земјата“ во случај на напад врз американски бродови, најавувајќи ја операцијата „Проект Слобода“ за повлекување на бродовите од Ормутскиот теснец.

Трамп изјави дека Иран ќе биде „избришан од лицето на Земјата“ ако нападне американски бродови што го спроведуваат „Проектот Слобода“.

Во изјава за Фокс њуз, тој рече дека верува оти Иран станал „многу поблаг“ во мировните преговори. Трамп, исто така, нагласи дека военото засилување на САД во регионот продолжува.

„Имаме повеќе оружје и муниција со многу повисок квалитет отколку што имавме порано. Имаме најдобра опрема... Имаме бази низ целиот свет. Сите се опремени со опрема. Можеме да ги користиме сите овие работи и ќе ги користиме доколку ни требаат“, истакна американскиот претседател.

Во неделата, Трамп објави дека САД ќе започнат операција за безбедно повлекување на бродовите од Ормутскиот теснец почнувајќи од утре наутро, по блискоисточно време, која ја нарече „Проект Слобода“.

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, тој изјави дека станува збор за хуманитарна иницијатива за земјите кои не се вклучени во конфликтот на Блискиот Исток. Трамп додаде дека голем број земји побарале помош од САД за нивните бродови, кои се блокирани во теснецот, да можат безбедно да излезат, иако, како што истакна, тие немаат никаква врска со сегашниот конфликт.

Тој истакна дека целта на операцијата е да им се помогне на „луѓето, компаниите и земјите кои не направиле ништо лошо, туку се жртви на околностите“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk