logo
logo
logo

Сијарто: Присуството на Трамп на самитот на НАТО промени сè

Vecer | 25.06.2025

Сијарто: Присуството на Трамп на самитот на НАТО промени сè

Присуството на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, на самитот на лидерите на НАТО промени сè во споредба со самитите од претходните години, поместувајќи го фокусот од поддршката за Украина кон зајакнување на одбранбените капацитети на алијансата, изјави денес во Хаг унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

Зборувајќи на прес-конференција по самитот, Сијарто рече дека ако сака да ја сумира разликата помеѓу овогодинешниот самит и оние од последните три години, тоа би било во два збора – Доналд Трамп, пренесува агенцијата MTI.

Сијарто рече дека враќањето на Трамп на власт променило сè и дека сега секој може слободно да користи зборови како мир, прекин на огнот и мировни преговори, без страв од јавна осуда.

„Со Доналд Трамп, самитот конечно го имаше на агендата на НАТО зајакнувањето на одбранбените капацитети на трансатлантската заедница, наместо нереална поддршка за Украина и нејзиното членство во НАТО“, рече Сијарто.

Тој оцени дека завршната изјава од самитот е „невообичаено кратка“ со само осум страници, но сепак кажува повеќе и е подобра од претходната.

Сијарто рече дека завршната изјава ја потврдува посветеноста на земјите-членки на НАТО кон Член 5 од Основачкиот акт, како и Член 3 за обврските за национални одбранбени капацитети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk