logo
logo
logo

УКРАИНА НЕ САКА МИР, ЈА РАСПАЛУВА ВОЈНАТА: По стратешките аеродроми нападнат и Кримскиот мост

Vecer | 03.06.2025

УКРАИНА НЕ САКА МИР, ЈА РАСПАЛУВА ВОЈНАТА: По стратешките аеродроми нападнат и Кримскиот мост

Украина постојано зборува за мир но, на терен се случува сосема спротивното. Напади врз витални објекти во Русија кои провоцираат уште посилни напади врз Украина.

Пред неколку дена беа нападнати два стратешки аеродроми во длабочината на Русија со сериозни оштетеувања на скапите стратешки руски авиони бомбарддери и штетата се проценува на дури 5 до 6 милијарди евра. Јастербите во руската војска и јавност бараат радикална промена и напади врз Украина со најсилните ракети и оружја, вклучително масивено ракетирање на Киев и државните институции во главниот град.

Утврово со морски дронови е нападнат Кримскиот мост, клучна сообаќајница помеѓу континентална Русија и Крим. Мирот сега е подлаеку отколку кога Трамп успеа да ги убеди Русија и Украина да почнат преговори за примирје, а потоа и за мир.

Разгорувањето на војната го подрива авторитетот на Трамп и неговиот мировен план, а го јакне влијанието на некои европски држави кои најавуваат и поставување свои војски на територијата на Украина што значи и непосредно учество во украинската војна.

Кримскиот мост, клучна транспортна врска меѓу Русија и привремено окупираниот Крим, беше затворен за сообраќај повеќе од два и пол часа рано утрово, бидејќи во негова близина беа пријавени експлозии во текот на ноќта. Според украинската новинска агенција УНН, повикувајќи се на Телеграм каналот „Кримски ветер“, комуникацијата ќе биде прекината поради сомневање за можен напад од морнарички дронови.

Каналите поврзани со руските безбедносни служби наведуваат дека причината за апсењето е технички преглед на мостот, кој следеше по извештаите за структурни оштетувања. „Постојат причини за прегледот, можно е делови од мостот да биле оштетени. Нашиот извор тврди дека нападот од морнарички дронови се случил во утробата“, вели изданието „Кримски ветер“.

Интересно е што мостот не бил затворен за време на самиот напад, тоа се случило само во 6:07 часот наутро, што дополнително ги поттикнува шпекулациите за сериозноста на ситуацијата. Тој беше повторно отворен за сообраќај околу 9:20 часот наутро, а според проруски извори, мостот „издржал“ на нападот.

Кримскиот мост е редовна цел на украински напади поради неговата стратешка важност за руските воени и логистички операции. Целта на нападите е да се спречи рускиот напредок кон јужниот фронт и да се ослабне контролата врз окупираните територии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk