logo
logo
logo

Меѓународна агенција за енергетика: Во случај на потреба, подготвени сме да интервенираме од нафтените резерви

Vecer | 14.04.2026

Меѓународна агенција за енергетика: Во случај на потреба, подготвени сме да интервенираме од нафтените резерви

Извршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), Фатих Бирол, синоќа изрази надеж дека нема да биде потребна уште една интервенција од нафтените резерви, но порача дека ИЕА е „подготвена да делува ако енергетскиот шок настанат поради војната во Иран го бара тоа“.

Во обид да ги смири тензиите на пазарите на нафта, Меѓународната агенција за енергија, која брои 32 членки, минатиот месец се согласи да интервенира со 400 милиони барели нафта од резервите, што е досега најголема координирана интервенција на ИЕА. САД, како најголем светски производител на нафта и гас, се согласија да ослободат 172 милиони барели од своите стратешки резерви на нафта.

- Се надевам, искрено се надевам дека тоа нема да мораме да го направиме, но ако биде потребно, подготвени сме да дејствуваме – рече Бирол на состанок на Атлантскиот совет и повтори дека војната резултирала со најтешкото глобално нарушување во енергетското снабдување.

Тој истакна дека од почетокот на војната со Иран оштетени се повеќе од 80 нафтени и гасни постројки, вклучувајќи терминали и рафинерии ширум Блискиот Исток, поради што значително пораснаа цените на нафтата и гасот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk