logo
logo
logo

Шпанија: Невработеноста се намалува повеќе од очекуваното

Vecer | 02.04.2025

Шпанија: Невработеноста се намалува повеќе од очекуваното

Бројот на невработени регистрирани во државната јавна служба за вработување е намален за 13.311 во март во однос на претходниот месец. Економистите прогнозираа дека бројот на невработени ќе биде намален за 2.500.

Регистрираната невработеност се намали на 2,58 милиони во март. Бројот на невработени достигна најниско ниво за месец март од 2008 година.

Во однос на претходната година, невработеноста е намалена за 146.865 лица или 5,39 отсто.

Во услугите и индустријата, регистрираната невработеност е намалена за 14.461 и 1.498 во однос на претходниот месец. Невработеноста во градежништвото е намалена за 909, а за 93 во земјоделството.

Понатаму, податоците покажаа дека бројот на млади невработени во март изнесува 197.524, што е најниско во серијата за месец март. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk