logo
logo
logo

ОПАСНОСТ ОД НАЈВИСОК СТЕПЕН - Големи бели ајкули го блокираа најелитниот дел од Австралија!

Vecer | 26.06.2026

ОПАСНОСТ ОД НАЈВИСОК СТЕПЕН - Големи бели ајкули го блокираа најелитниот дел од Австралија!

Изминатите четири дена плажите во Сиднеј, меѓу кои светски познатата плажа Бондаи, беа затворени откако во близина на брегот на најголемиот австралиски град  беа забележани ајкули.

Денеска беа затворени плажите Тамарама и Бронте во источните предградија на Сиднеј откако утрово беа  забележани ајкули.

Бондаи, исто така, беше затворена откако на снимките од апликацијата „ДронШарк“ (Drone Shark) беше забележана голема бела ајкула во близина на плажата. Во областа се пријавени и други потенцијално опасни видови ајкули.

И вчера во близина на Бондаи беше забележана ајкула, а сурферите беа предупредени  да излезат од водата.

Зголемената тревога доаѓа две недели по сериозниот напад на ајкула на плажата Куги во источниот дел на Сиднеј, каде што 35-годишна жена претрпе повреди опасни по живот и ѝ беше ампутирана раката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk