logo
logo
logo

Сибиха: УКРАИНА НЕМА ДА ПРАВИ ТЕРИТОРИЈАЛНИ ОТСТАПКИ за мировен договор со Русија

Vecer | 13.05.2026

Сибиха: УКРАИНА НЕМА ДА ПРАВИ ТЕРИТОРИЈАЛНИ ОТСТАПКИ за мировен договор со Русија

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека главниот услов на Украина за склучување мировен договор со Русија е Киев да не прави никакви територијални отстапки во однос на сегашната линија на фронтот.

Сибиха нагласи дека мирот мора да биде праведен и одржлив.

„Украина нема да прифати никаква формула, никаква иницијатива што подразбира отстапки за нашиот територијален интегритет и суверенитет“, нагласи шефот на украинската дипломатија на безбедносната конференција организирана од Полскиот институт за меѓународни односи (PISM) во Варшава, пренесува РБК Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk