logo
logo
logo

Кауција од 3,1 милион долари: КОЈ ГО СПАСИ ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА КАБИНЕТОТ НА ЗЕЛЕНСКИ?

Vecer | 18.05.2026

Кауција од 3,1 милион долари: КОЈ ГО СПАСИ ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА КАБИНЕТОТ НА ЗЕЛЕНСКИ?

Андриј Јермак, поранешен шеф на претседателскиот кабинет на Володимир Зеленски, осомничен за перење пари во голема истрага за корупција, денеска е пуштен од притвор со кауција од 140 милиони гривни (3,1 милион долари).

Јермак, поранешен заменик на украинскиот претседател Володимир Зеленски, е пуштен откако помина четири дена во притвор, по судската одлука од 13 мај со која му беше одреден дводневен притвор до неговото евентуално пуштање на слобода со кауција. Тој изјави дека не може сам да си ја дозволи кауцијата и дека ќе се „потпре на пријателите за помош“. Средствата за кауцијата наводно биле собрани од повеќе извори, вклучувајќи ги и придонесите од Серхиј Ребров, поранешен селектор на фудбалската репрезентација на Украина.

Корупциски скандал ја тресе Украина

На 11 мај, Јермак беше обвинет за перење пари поврзано со изградба на луксузен комплекс викендички во близина на Киев.

Истражителите тврдат со дека повеќе од 460 милиони гривни, или 8,9 милиони долари, биле испрани меѓу 2021 и 2025 година преку изградба на елитен станбен комплекс во селото Козин, богата енклава јужно од главниот град.

Според обвинителството, средствата за раскошниот градежен проект биле генерирани преку повеќемилионска корупциска шема фокусирана околу државниот нуклеарен монопол „Енергоатом“.

Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) тврди дека високи функционери собирале мито од 10 до 15% од изведувачите на „Енергоатом“ во замена за задржување на нивниот статус на добавувачи и за неблокирање на нивните производи и услуги.

Една од четирите куќи финансирани преку корупциската шема наводно била наменета за Јермак. Уште шест лица се обвинети во истиот случај, вклучувајќи го и поранешниот заменик-премиер Олексиј Чернишов и Тимур Миндич, поранешен деловен партнер на Зеленски.

Јермак и неговиот адвокат ги негираа сите кривични пријави, нарекувајќи ги обвинувањата „неосновани“. Јермак вети дека ќе се жали на одлуката на судот.

По пуштањето на слобода со кауција, поранешниот шеф на претседателскиот кабинет е обврзан да носи алка за електронски надзор (наножница), да ја пријави секоја промена на живеалиштето, да не го напушта Киев без дозвола, да не комуницира со другите осомничени и да ги предаде своите пасоши за патување во странство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk