logo
logo
logo

Берлинци бараат укинување на забраната за пливање во реката Шпреја

Vecer | 18.06.2025

Берлинци бараат укинување на забраната за пливање во реката Шпреја

Околу 200 граѓани во Берлин се приклучија на протестно пливање во реката Шпреја, со желба да го свртат вниманието на властите кон укинување на долгогодишната забрана за капење. Забраната е воведена поради зголемено загадување и страв од разни болести, но учесниците тврдат дека водата сега е доволно чиста и безбедна.

Организаторите од иницијативата "Fluss Bad Berlin" нагласуваат дека квалитетот на водата пораснал значително во последните десет години. Градот и централната општина размислуваат за официјално да дозволат капење во Шпреја од 2026 година.

Како позитивен пример го наведуваат Париз, каде по години забрана, минатата година беше дозволено пливање во реката Сен. Според берлинските активисти, најголемите предизвици остануваат заштитата на културното наследство долж реката и осигурување безбедноста, особено поради густ сообраќај со бродови. Засега нивната желба е да се овозможи пливање во делови на каналот без пловен сообраќај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk