logo
logo
logo

ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ за партијархот Кирил?

Vecer | 22.05.2026

ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ за партијархот Кирил?

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил (Владимир Гунѓаев), наскоро би можел да стане првиот лидер на голема верска заедница на кого ќе му биде забранет влез во Европската Унија. Европската комисија дури 14 пати се обиде да го стави на списокот со санкции, но секој пат наидуваше на вето од Виктор Орбан. Како знак на благодарност, Кирил во 2023 година му додели висок орден. Сепак, по политичките промени во Будимпешта и доаѓањето на новиот унгарски премиер Петер Маѓар, оваа пречка за Кремљ е отстранета, а другите сојузници, како Словачка на Роберт Фицо, немаат намера да посредуваат за патријархот.

Иако Брисел сè уште официјално не го најавил неговото вклучување во претстојниот 21. пакет санкции за јуни или јули, во Москва веќе владее бес. Руската православна црква (РПЦ) упати „одлучен протест“, нарекувајќи ги најавите „врв на апсурдот“.

„Света војна“ и култ кон Путин

Западот го користи терминот „министрант на Путин“ (израз кој прв го употреби папата Франциск) за да го опише Кирил, кој ја изгради доктрината за „рускиот свет“ и ја прогласи инвазијата врз Украина за „света војна“. Тој јавно ги благословува руските трупи, порачувајќи дека смртта на бојното поле „ги пере сите гревови“, а во војничките молитвеници Путин е претставен како „архистратег“ (водач на небесната војска). На празникот Богојавление, Кирил директно му се обрати на Путин со титулата „водач“ (вожд) – епитет кој РПЦ последен пат му го додели на Јосиф Сталин.

Злоупотреба на верата и црковни чистки

Патријархот веќе има голема колекција на лични санкции од Велика Британија, Канада, Литванија, Естонија, Чешка, Австралија и Нов Зеланд под обвинение за „злоупотреба на верата“. Парламентарната собрание на Советот на Европа (ПССЕ) донесе резолуција со која ја означи РПЦ како „продолжена рака на режимот на Путин“.

Истовремено, Кирил спроведува брутални чистки внатре во црквата. Според независни руски медиуми, поради антивоени ставови или одбивање да ја читаат „молитвата за победа“, најмалку 47 познати свештеници досега беа црковно казнети и расчинети, а десетици од нив се соочуваат и со кривични пријави од руската држава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk