logo
logo
logo

Филмско сценарио во Киев: УАПСЕНИ ШПИОН И ЕКС-ПОЛИЦАЕЦ ЗА УБИСТВОТО НА ЖЕНАТА КОЈА РАЗНЕСЕ ОЛИГАРХ ВО МОНАКО

Vecer | 08.07.2026

Филмско сценарио во Киев: УАПСЕНИ ШПИОН И ЕКС-ПОЛИЦАЕЦ ЗА УБИСТВОТО НА ЖЕНАТА КОЈА РАЗНЕСЕ ОЛИГАРХ ВО МОНАКО

Украински шпион и поранешен полицаец, обвинети за убиство во стил на егзекуција на осомничената за бомбашкиот напад во Монако, за првпат се прикажани на фотографии.

Анастасија Березовска (39) била застрелана четири пати во потилот, неколку дена откако наводно детонирала ранец со експлозив пред луксузниот стан на украински олигарх во кнежевството.

Вадим Јермолаев (58) бил повреден во експлозијата, додека на неговата наводна љубовница Ана Насобина (46) морале да ѝ бидат ампутирани двете нозе. Тринаесетгодишниот син на овој пар се извлекол со полесни повреди.

Откритие во Киев и апсења

Березовска наводно го извела планот за атентат откако главата на прогонетиот тајкун била уценета на 112.000 фунти, пред да побегне во Украина за да ја подигне својата награда. Сепак, нејзиното тело било пронајдено во Киев во понеделникот навечер, каде што истражителите откриле и просторија за која веруваат дека била соба за мачење.

Сега полицијата објави заматени фотографии од осомничените за нејзиното убиство: актуелен офицер во рамките на украинското Министерство за одбрана и поранешен полицаец.

Киевската безбедносна служба соопшти дека Березовска комуницирала со двајцата уапсени мажи пред нејзината смрт. Твицата мажи „повеќе пати вршеле трансфери на крипто и банкарски сметки на Березовска“, напиша службата на Телеграм. Се додава и дека тие можеби биле вмешани во обидот за атентат во Монако.

Детали за уапсените мажи

Активниот службеник – за кого се верува дека се презива Реут – им кажал на истражителите дека ја убил Березовска со помош на другиот осомничен, истакнувајќи дека дејствувал по сопствена иницијатива без да ги извести своите надредени.

Застрашувачката соба за мачење исто така била откриена во подрумот на поранешниот офицер.

На видеото од просторијата што го објави украинскиот генерален обвинител може да се види розов тепих испрскан со нешто што наликува на ситни дамки од крв. Исто така се видливи две секири, крамп, церада раширена по подот и голема торба.

Двајцата мажи се во притвор под сомнение дека извршиле убиство како група која дејствувала во соучесништво.

Детали од истрагата и финансиската трага

Березовска била барана под сомнение за обид за убиство, поставување експлозивна направа на јавен пат со криминална намера и злосторничко здружување. Обвинителите велат дека мета на нејзиниот напад биле Јермолаев, Насобина и нејзиниот син тинејџер, додека таа била престорена во маж. Властите веруваат дека таа соработувала со соучесници.

Денес се дозна дека за убиството на тајкунот наводно била понудена награда од 150.000 долари.

Украинскиот медиум „Страна“, повикувајќи се на сопствени извори, наведе дека обидот за атентат чинел 150.000 долари, од кои на Березовска ѝ биле исплатени 8.000 долари, со уште 5.000 долари за трошоци. Нејасно е што се случило со остатокот од парите. Средствата наводно биле префрлени на крипто-паричници и банкарски сметки на Березовска, пренесе порталот.

И понатаму е под истрага кој го нарачал обидот за атентат во Монако, како и убиството на Березовска.

Интерполова потерница и позадина на нападот

Интерпол издаде црвена потерница за Березовска, заедно со налог за апсење и нејзина фотографија. Березовска имала украинско државјанство и била родена таму.

Истражителите изразија стравување дека Березовска можеби стигнала дури и до Балканот, откако побегнала во Франција, а потоа во Италија. Сепак, тие потврдија дека таа се вратила во Украина на 1 јули.

Експлозија во Монако

Силна експлозија го потресе Монако околу 21 часот на 29 јуни.

Еден преплашен сведок пријавил дека ја видел Ана, која инаку е сопственичка на приватен клуб во срцето на Лондон, „без стапала“ непосредно по експлозијата.

Јермолаев, украински тајкун за недвижности, се најде под санкции на Киев во 2023 година поради неговите наводни деловни активности на Крим, кој е под руска окупација. Тој претходно беше еден од најбогатите луѓе во Украина, но се откажа од државјанството во 2017 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk