Според американските власти, 13 патници безбедно стигнале до брегот, додека тројца биле пренесени во болница.. Во потрагата по исчезнатите учествуваат 11 пловила, како и американската крајбрежна стража.
Началникот на противпожарната служба во Сан Франциско изјави дека причината за несреќата сè уште не е позната..
Иако времето било сончево и стабилно, источните морски струи создале силни бранови во заливот, што можеби придонело за несреќата.. Островот Алкатраз, на кого е лоциран некогашниот федерален затвор, е една од најпознатите туристички атракции во САД.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата