logo
logo
logo

Нема деца, ќе примаат мигранти за работа. ЗА ШПАНЦИТЕ МИГРАНТИТЕ СЕ ПООПАСНИ ОД ВОЈНА

Vecer | 13.06.2026

Нема деца, ќе примаат мигранти за работа. ЗА ШПАНЦИТЕ МИГРАНТИТЕ СЕ ПООПАСНИ ОД ВОЈНА

Шпанија моментално има повеќе од 8 милиони легални жители со странско потекло, додека во „сивата зона“ имало околу 840.000 недокументирани мигранти.

За да го реши недостигот од работна сила, владата го усвои Големиот закон за легализација на нелегалните мигранти, со кој се легализира статусот на околу половина милион мигранти кои немаат легална документација.

Речиси една третина од шпанските граѓани веруваат дека нелегалната миграција е поголем предизвик за земјата од војните и економските проблеми. Исто така, се наведува дека Шпанија добила околу 700.000 жители родени во странство во текот на 2025 година, според „Breitbart“.

И покрај противењето на дел од јавноста, владата продолжува со планот за амнестија за околу 500.000 нелегални мигранти. Условите за легализација се сосема лесни: За да влезат во оваа програма, кандидатите мора да докажат дека живееле во Шпанија пред крајот на 2025 година (минимум пет месеци престој) и дека немаат криминално досие.

Во меѓувреме, се појавија снимки на кои се гледаат стотици мигранти како се обидуваат да ја преминат граничната ограда во близина на шпанската енклава Сеута од правец на Мароко.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk