Нападите биле изведени во повеќе подрачја, меѓу кои Тир, Марваније и Зифта, во округот Набатије. Нападите продолжуваат во период на зголемени тензии меѓу Израел, Хезболах и Иран. Хезболах соопшти дека таргетирал израелски војници на либанска територија, но не презеде одговорност за напади врз израелска територија. Израелските власти, пак, најавија дека операциите во Либан ќе продолжат, со образложение дека цел на нападите е инфраструктурата на Хезболах.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата