logo
logo
logo

НЕОЧЕКУВАНА ПОДДРШКА: „Можевме да го освоиме Техеран за 72 часа, но никој не слуша црнец!“

Vecer | 26.03.2026

НЕОЧЕКУВАНА ПОДДРШКА: „Можевме да го освоиме Техеран за 72 часа, но никој не слуша црнец!“

Началникот на одбранбените сили на Уганда и син на претседателот Јовери Мусевени, генерал Мухузи Кајнеругаба, зборуваше на X за војната меѓу САД и Израел против Иран, изразувајќи ја својата силна поддршка за Израел.

„Израел има право да постои и нападите врз него мора да престанат“, напиша Кајнеругаба во серија поддржувачки објави.

„Сакаме војната на Блискиот Исток веднаш да заврши. Светот е уморен од тоа“, напиша тој, додавајќи дека секој разговор за уништување или пораз на Израел би ја довел Уганда во војната.

„На страната на Израел!“ заклучи тој.

Во друга, подоцна избришана објава, тој тврдеше дека Уганданските народни одбранбени сили (UPDF), вооружените сили на африканската земја, ќе се приклучат на војната „на страната на Израел“ ако таа не заврши наскоро, објавува Jerusalem Post.

„Тие никогаш не слушаат црнец“

Подоцна во четврток, Кајнеругаба откри во друга објава дека им понудил помош на Уганданските одбранбени сили и на САД и на Израел.

„Можевме да го освоиме Техеран за 72 часа без никакво бомбардирање, но секако тие никогаш не слушаат црнец. Зошто да бомбардирате луѓе кои ве поддржуваат?“, рече тој, како што објави израелскиот весник.

Минатиот месец, Каинеругаба објави во објава на X дека Уганда наскоро ќе изгради статуа во чест на потполковникот Јонатан Јони Нетанјаху на меѓународниот аеродром во централниот угандански град Ентебе.

Тој рече дека статуата ќе биде поставена на точното место каде што Нетанјаху беше убиен по киднапирањето на летот на Ер Франс во 1976 година, во кој беа киднапирани повеќе од 100 Евреи и Израелци. Каинеругаба истакна дека споменикот е симбол на врските меѓу двете земји, иако не е дадено официјално владино соопштение за изградбата на статуата.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху присуствуваше на комеморацијата одржана на аеродромот Ентебе во 2016 година, по повод 40-годишнината од „Операцијата Ентебе“, подоцна позната како „Операција Јонатан“.

„Пред 40 години, тие слетаа среде ноќ во земја предводена од брутален диктатор кој им даваше засолниште на терористите. Денес, слетавме сред бел ден во пријателска земја предводена од претседател кој се бори против терористите“, рече тој за време на неговиот јавен говор.

„Операција Јонатан“

Јонатан Нетанјаху беше брат на израелскиот премиер, израелски воен офицер кој командуваше со Сајерет Маткала (извидничка единица 269, која делува како главна сила за специјални операции на Израелските одбранбени сили, првенствено под команда на Воената разузнавачка служба, оп. а.) за време на нападот врз Ентебе.

Нападот беше одговор на киднапирањето на меѓународен цивилен патнички лет од Израел до Франција од страна на палестински и германски милитанти, кои ја презедоа контролата врз авионот за време на застанувањето во Грција и го пренасочија кон Либија, а потоа кон Уганда, каде што ја добија поддршката од тогашниот угандански диктатор Иди Амин.

Иако израелската антитерористичка операција беше успешна и 102 од 106-те заложници беа спасени, Нетанјаху беше убиен во акција, како единствен израелски војник кој го загуби животот за време на таа криза. Операцијата подоцна стана позната како „Операција Јонатан“ во негова чест.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk