logo
logo
logo

1,3 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ПАРКИНГ, постигнат рекорд во светот

Vecer | 05.06.2021

1,3 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА ПАРКИНГ, постигнат рекорд во светот

Ако мислите дека милионски станови се луксуз, тогаш што би рекле на милионски паркинг. Верувале или не постои паркинг кој вреди повеќе од милион долари.

Паркинг просторот кој достигна вртоглава сума се наоѓа во Хонг Конг.

Warf Holdings и Nan Fung Group продадоа паркинг простор за 1,3 милиони долари во луксузниот станбен комплекс Монт Николсон во Хонг Конг.

Претходниот рекорд беше поставен во 2019 година, кога паркинг простор беше продаден во деловна зграда за 980 000 долари, објави Блумберг.

Претставникот на Warf Holdings изјави дека компанијата нема повеќе информации за продажбата.

Цените на недвижностите во Хонг Конг се на рекордно високо ниво, па неодамна беше издаден луксузен стан на островот за 206 000 долари месечно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk