logo
logo
logo

Крвав масакр на семејна забава: најмалку едно лице е убиено, а 13 се ранети

Vecer | 04.05.2025

Крвав масакр на семејна забава: најмалку едно лице е убиено, а 13 се ранети

Пукањето се случило на семејна забава во Хјустон, во американската држава Тексас, соопшти денес полицијата.

Помошничката началничка на полицијата во Хјустон, Патриша Канту, на брифинг за медиумите изјави дека полицијата привела неколку лица, но не е познато дали лицето одговорно за пукањето е приведено.

Таа истакна дека некои од ранетите лица биле оперирани откако биле транспортирани во болници, објави АП.

Канту изјави дека полицајците пристигнале на местото на настанот неколку минути по приемот на повикот и пронашле неколку повредени лица на различни локации околу куќата.

Таа рече дека се верува дека на семејната забава пристигнал непоканет гостин и бил замолен да ја напушти куќата, но дека потоа почнал да пука, предизвикувајќи другите луѓе да возвратат со оган.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk