logo
logo
logo

Русија ќе ги смета за легитимни цели сите странски воени контингенти во Украина

Vecer | 11.12.2025

Русија ќе ги смета за легитимни цели сите странски воени контингенти во Украина

„Околу стотина британски војници учествуваат во борбени операции против Русија во зоната на специјални воени операции. По смртта на еден од нив, британската Влада повеќе не може да ја крие“, изјави шефот на  руската дипломатија, Сергеј Лавров, пренесен од руските медиуми. 

Првиот руски дипломат изјави дека Москва ќе ги извлече сите потребни заклучоци од, како што вели, „оваа најнова манифестација на вистинската природа на британскиот режим“. 

-Сега сме принудени да го признаеме директното учество на британски воен персонал и специјални сили во војната против Русија. Откако еден од нив беше убиен, британската Влада повеќе не можеше да ги крие овие околности. Беше наведено дека меѓу оние што се борат против Руската Федерација има најмалку 100 британски државјани, рече Лавров за време на тркалезна маса за украинското решение. 

Британското Министерство за одбрана пред два дена соопшти за смртта на британски војник во Украина додека набљудувал тестирање на оружје од страна на украинските вооружени сили. 

Весникот „Сан“, повикувајќи се на извори, објави дека во несреќата со воздушната одбрана на Украина, покрај британскиот војник, загинбале и најмалку четворица украински војници. 

Според весникот, починатиот британски војник служел во групата за поддршка на британските специјални сили и го тестирал системот за воздушна одбрана во Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk