Војната во Украина влезе во дванаесеттиот ден. Многумина најавуваат дека оваа недела е клучна за воените операции, пред се, за Русија, но и за владата во Киев.
Клучни настани
* Руската преговарачка делегација пристигна во Брест
* Нов Зеланд воведе санкции за Путин, Шојгу, на листата има уште 100 Руси
* Движењето на цивилите се следи со дронови
* Формирани се четири коридори за излез од Харков, Мариупол, Суми и Киев
* Николаев бомбардиран со ракети
* Москва се согласи на привремено примирје за евакуација на цивилите
Украинската делегација ги започна преговорите
Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави дека украинската делегација тргнала на третата рунда преговори со руската страна.
Negotiations with the Russian Federation. Third round. Beginning at 16.00 Kyiv time. Delegation unchanged... pic.twitter.com/ycfT9LT0tc
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) March 7, 2022
Подољак најави дека преговорите ќе продолжат во 16 часот по киевско, односно во 15 часот по локално време. Тој посочи дека составот на украинската делегација не е променет.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата