Иран даде одговор на ултиматумот на американскиот претседател Доналд Трамп за заканите за Ормускиот Теснец, како витална артерија за глобалните испораки на нафта и гас.
Техеран тврди и дека има целосна контрола врз целиот премин и планира да воведе систем на бродарина за транзит низ него.
Канцеларијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан објави дека стратешки важниот Ормутски теснец ќе остане затворен сè додека дел од приходите од транзитот не се искористат за компензација на штетата предизвикана од сегашниот конфликт.
Мехди Табатабаеи, службеник за комуникации во канцеларијата на иранскиот претседател јасно ја дефинираше позицијата на Техеран во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток.
Посочи дека нормализацијата на пловидбата низ еден од најважните нафтени патишта во светот е директно условена од финансиска компензација.
„Ормускиот теснец ќе биде повторно отворен само кога дел од приходите од транзитот ќе се искористат за компензација на штетата предизвикана од наметнатата војна“, рече Табатабаи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата