Вознемирувачките видеа покажуваат како покривот се руши токму над бината и просторот преполниот партер. Бројот на повредени и жртви од час во час расте, а спасувачките служби се во трка со времето да ги извлечат преживеаните од под рушевините...
-Еден ли е таму? Да, да, еден. Темно ли е, можеш ли убаво да видиш? Да, да темно е.
-Еј, ве молам, побргу. Aјде да ја подигнеме. Оваа големата? Да, ајде да ја тргнеме.
Некои од заглавените во очај успеале да дојдат и до своите мобилни телефони, обидувајќи се на семејствата да им посочат каде отприлика се наоѓаат под рушевините...
- Да те слушам. Во кој дел си? Локацијата отприлика каде се наоѓаш? Зборувам со жена ми, жива е, внатре е.
На терен е тешка машинерија, а во процесот на спасување е вклучена целата држава, која претседателот кој е на самото место посочи дека се е ставено на располагање, како и неговите молитви...
-Сконцентрирани сме да ги извадиме луѓето од таму, за да можеме да ги спасиме, луѓето кои што се живи да ги однесеме во различни болници, а подоцна ќе обезбедиме и прелиминарен извештај за жртвите во ова место.-Хуан Мануел Мендез – Директор на службите за итни случаи.
-Главната цел е да се спасат уште живот, тоа е она што сега се прави. Од синоќа, од минута во минута ја следиме оваа трагедија, па сите ресурси, владини институции за помош се достапни и веќе работат. Веруваме во Господ, дека ќе ни помогне да спасиме повеќе животи од овие урнатини ,-Луис Абинадер – Претседател на Доминиканска Република.
Во меѓувреме, додека повредените се извлекуваат, семејства се собрани во очај да дознаат нешто повеќе, со надеж дека нивните блиски не се меѓу настраданите.
Во рушењето засега за мртви се потврдени, популарниот меренге пејач Руби Перез, како и саксафонистот од неговиот бенд. Загинале и неколку поранешни доминикански бејзбол играчи, како и локалната гувернерка Нелси Круз.
Во „Џет Сет“ пред три години избувнал и пожар кој оштетил голем дел од клубот. Во меѓувреме екипите на терен работат и на утврдување на причините за оваа трагедија, додека пак за уапсени лица се уште нема информација.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата