logo
logo
logo

Прекинот на огнот во Украина во моментов е „нереален“, изјави постојаниот претставник на Русија

Vecer | 18.04.2025

Прекинот на огнот во Украина во моментов е „нереален“, изјави постојаниот претставник на Русија

Говорејќи во Њујорк, Небензија рече дека неуспехот на ограничениот прекин на огнот во енергетската инфраструктура покажува дека во моментов не е можен поширок прекин на огнот.

- Имавме обид за ограничен прекин на огнот во однос на енергетската инфраструктура, кој не беше почитуван од украинската страна. Така што во оваа фаза, под овие околности, нереално е да се зборува за прекин на огнот. Не сме во ситуација да можеме сериозно да разговараме за сеопфатен прекин на огнот,  рече Небензја.

Русија ја обвинува Украина за повеќе од 80 прекршувања на 30-дневниот договор за прекин на огнот, кој имаше за цел да ги запре меѓусебните напади врз енергетската инфраструктура.

Прекинот на огнот беше еднострано објавен од Москва на 18 март по телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп.

Во текот на изминатите 30 дена, Русија се воздржуваше од извршување големи напади врз украинските електрани, иако украинските власти пријавија локализирани оштетувања на напојувањето поради руските напади./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk