logo
logo
logo

Милијарди без контрола

ЗЕЛЕНСКИ СОМНИТЕЛЕН ЗА КОРУПЦИЈА, Западот отвара четири очи кога е тој во прашање

Vecer | 08.08.2022

ЗЕЛЕНСКИ СОМНИТЕЛЕН ЗА КОРУПЦИЈА, Западот отвара четири очи кога е тој во прашање

Западот веќе нема безгранична доверба во Зеленски, се појавуваат и во јавноста низа пукнатини и сомневања за корупција и самовластие на украинскиот претседател и тоа од важни медиуми кои имаат авторитет и проверени информации од службите на своите влади како Њујорк Тајм или германскиот Велт. Поралот unherd.com објавува анализа со повикување на тие извори на информации и отвара прашање - што понатаму со ваквиот Зеленски кој, патем, беше дел и од аферта Панама пејперс (Пандора скандал) која обзнани низа политичари, банкари и бизнисмени кои преку панамски сметки переле пари.

Името на Зеленски беше на неодамнешниот список на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинарски документи Пандора. Според наодите на ICIJ објавени во Гардијан, претседателот на Украина Зеленски поседувал удел во фирма на Британските Девствени Острови, опишана како поседување акции во компании за филмска продукција и дистрибуција.

Еден месец пред да биде избран за претседател, Зеленски ги префрлил своите акции на Серхи Шефир, пријател и деловен партнер, објави ICIJ. Не стасавме до претседателот на Украина и не можевме да го најдаме Шефир. Минатиот месец некој се обидел да го убие, пишува Форбс.

Се верува дека Шефир создал мрежа на офшор ентитети за Зеленски и други, како што е поранешниот деловен партнер и работодавач на Зеленски, и санкционираниот од САД украински банкарски и медиумски тајкун по име Ихор Коломојски. Американските власти тврдат дека Коломојски „испрал 5,5 милијарди долари преку мрежа компании-школки, купувајќи фабрики и комерцијални имоти“, според ICIJ.

Документите на Пандора не се добри на Украина, а за Зеленски се лош углед. Како што рече еден аналитичар од Вашингтон кој побара анонимност, „Украина е Саудиска Арабија на корупцијата“, пишуваше на 14 октомври 2021 американскиот магазин Форбс.

Три дена. Објавувањето на извештајот на CBS „Вооружување на Украина“ минатата недела траеше три дена пред да биде симнат поради цитирање на активист од невладина организација кој рече дека само 30% од западната помош стигнува до првите линии на Украина. Според мрежата, активистот на невладината организација ја дал оваа оценка кон крајот на април, инсистирајќи дека испораката оттогаш е подобрена. Сега документарецот се „ажурира“ за да ги афирмира овие нови информации.

И покрај реакцијата против CBS, имаше бавно, но забележливо поместување во дискусијата за теми кои некогаш се сметаа за непожелни. Овој викенд, шефот на канцеларијата на Амнести интернешенел во Украина поднесе оставка во знак на протест поради објавувањето на извештајот од централата на Амнести интернешнел во кој се тврди дека украинските сили го игнорираат меѓународното право со изложување на цивили на руски оган. Амнести изјави дека жали за „неволјата“ предизвикана од извештајот, но (за разлика од CBS) останува зад објавените наоди.

Исто така, анализира unherd.com, има се поголем број извештаи за украинската корупција - чувствително прашање на кое многумина замижуваа по инвазијата. Во прилог на документарецот на CBS, германскиот весник Die Welt објави извадоци од биографијата за Зеленски во која се детализирани „корупцијата на индустриско ниво“ поради офшор зделки додека Томас Фридман од Њујорк Тајмс напиша во својата најнова колумна:

Постои длабока недоверба меѓу Белата куќа и претседателот Володимир Зеленски од Украина - значително повеќе отколку што беше објавено. И во Киев се случуваат неочекувани работи.

На 17 јули, Зеленски го отпушти главниот обвинител на неговата земја и лидерот на домашна разузнавачка агенција - најзначајното потресување во неговата влада од руската инвазија во февруари. Тоа би било еквивалент на Бајден да ги отпушти Мерик Гарланд и Бил Барнс истиот ден. Но, сè уште не видов известување што убедливо објаснува за што се работи. Како да не сакаме да гледаме премногу внимателно под хаубата во Киев од страв каква корупција или лудории би можеле да видиме, кога сме инвестирале толку многу таму. (Повеќе за опасностите од тој друг ден.) - ТОМАС ФРИДМАН, Њујорк Тајмс

Ретко се случува Фридман - кој беше поканет да разговара за Украина во Белата куќа почестен со чоколаден милкшејк - да делува арзлично од администрацијата на Бајден за прашања од надворешната политика.

Навистина, Белата куќа изрази слична загриженост, особено откако Зеленски го отпушти својот главен обвинител и шефот на разузнавањето. „Војната на Русија против Украина претставува надворешна закана“, рече портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, „но корупцијата претставува внатрешна закана, а заканата што ја претставува корупцијата може да биде корозивна за демократијата, за суверенитетот, за слободите што ги има народот на Украина“.

Како што беше забележано во написот на Асошиетед прес во тоа време, овие отпуштања фрлаат „незгодно светло на прашањето што администрацијата на Бајден во голема мера го игнорираше од избувнувањето на војната со Русија“.

Иако САД и западните сојузници остануваат цврсто посветени на поддршката на Украина, пукнатините полека почнуваат да се појавуваат. Со новиот пакет помош од 1 милијарда долари што се очекува да биде објавен оваа недела, администрацијата на Бајден ќе се соочи со засилена контрола за тоа каде одат овие пари.

Сепак, според сега избришаниот документарец (за аферите на Зелински), никој не го прави тоа. „Тие се како господари на моќта, олигарси, политички играчи“, вели еден вработен во НВО. „Самиот систем е како порака -  „Ние сме вооружените сили на Украина. Ако безбедносните сили го сакаат тоа, така же биде, Американците ни го дадоа тоа.“

Насловна фотографија од Forbs.com

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk