logo
logo
logo

Иран повикува на „ЧОВЕЧКИ ШТИТ“ околу енергетските постројки

Vecer | 07.04.2026

Иран повикува на „ЧОВЕЧКИ ШТИТ“ околу енергетските постројки

Иранскиот заменик-министер за млади и спорт упати јавен повик до младите во земјата да формираат „човечки синџир“ околу клучните енергетски објекти. Како што пренесува Си-Ен-Ен, овој потег е директен одговор на заканите од американскиот претседател Доналд Трамп дека САД ќе ја бомбардираат иранската јавна инфраструктура доколку не се одблокира стратешки важниот Ормушки Теснец.

Алиреза Рахими, заменик-министерот за млади, преку социјалната мрежа „X“ ги повика сите млади луѓе, уметници и спортисти да се приклучат на националната кампања под името „Човечки синџир на иранската младост за светла иднина“.

„Утре (вторник) во 14:00 часот, покрај енергетските постројки низ целата земја, без оглед на верата и убедувањата, ќе застанеме рака под рака и ќе порачаме: Нападот врз јавната инфраструктура е воено злосторство“, напиша Рахими.

Овој повик доаѓа откако Трамп му постави ултиматум на Иран да постигне договор до вторник во 20:00 часот по источноамериканско време (ET).

Користењето цивили за заштита на воени или стратешки цели се смета за сериозна злоупотреба и потенцијално воено злосторство според Женевските конвенции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk