Крузерот „МВ Хондиус“ (MV Hondius), на кој изби епидемија на хантавирус, пристигна денеска во холандското пристаниште Ротердам за дезинфекција.

Со тоа заврши патувањето кое ги крена меѓународните здравствени власти во состојба на тревога.
На бродот за крстарење што доплови до Ротердам се наоѓаат 25 членови на екипажот и медицински персонал, бидејќи сите патници слегле на други места.
За сите од бродот веднаш започнува карантин.
Од избувнувањето на епидемијата, тројца патници кои биле на бродот починале, вклучувајќи го и холандскиот пар за кој здравствените службеници веруваат дека прв бил изложен на хантавирусот за време на посетата на Јужна Америка.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата