logo
logo
logo

САД го ПРОДОЛЖИЈА ОЛЕСНУВАЊЕТО за руската нафта за дополнителни 30 дена

Vecer | 19.05.2026

САД го ПРОДОЛЖИЈА ОЛЕСНУВАЊЕТО за руската нафта за дополнителни 30 дена

Соединетите Американски Држави ќе го продолжат за дополнителни 30 дена исклучокот од санкциите за руската нафта, со кој се одобрува испорака и продажба на сурова нафта и нафтени деривати со руско потекло утоварени на бродови, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент. Тој на социјалната мрежа Х напиша дека оваа мерка ќе им овозможи на најранливите нации привремен пристап до руската нафта.

Според зборовите на Бесент, продолжувањето на овој исклучок ќе помогне во стабилизирање на пазарите на сурова нафта и ќе обезбеди енергенсите да стигнат до земјите кои се погодени од војната со Иран. Овој потег доаѓа во момент кога цените на енергијата растат поради конфликтот со Иран и претставува трето вакво привремено ублажување на ограничувањата, откако претходното изземање истече за време на викендот.

Критичарите на оваа одлука предупредуваат дека ваквиот чекор, иако со ограничен опсег, може да ги засили руските финансии, со оглед на тоа што приходите од нафтата и понатаму се клучен извор за финансирање на војната против Украина. Инаку, американските санкции наметнати врз рускиот енергетски сектор се на сила веќе со години, а секундарните санкции директно им се закануваат на сите компании кои продолжуваат да тргуваат со Москва.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk