logo
logo
logo

СЕ ШИРИ СМРТОНОСНИОТ ВИРУС - Повеќе од 550 заразени со ебола

Vecer | 09.06.2026

СЕ ШИРИ СМРТОНОСНИОТ ВИРУС - Повеќе од 550 заразени со ебола

Демократска Република Конго соопшти дека бројот на потврдени смртни случаи од ебола се искачил на 101, додека епидемијата продолжува да се шири во повеќе делови од земјата.

Според најновите податоци на властите, во изминатите 24 часа се регистрирани 35 нови потврдени случаи, меѓу кои и 10 смртни исходи. Со тоа, вкупниот број на заразени достигна 550 лица.

Епидемијата, предизвикана од реткиот сој на вирусот Бундибуџо, беше официјално прогласена на 15 мај. Заболени се регистрирани во 17 здравствени зони во провинцијата Итури, како и во Северен и Јужен Киву.

Властите предупредуваат дека напорите за ставање на болеста под контрола се дополнително отежнати поради недовербата на локалното население и активностите на вооружени групи. Пријавени се повеќе напади врз центри за лекување и тимови задолжени за безбедно погребување на жртвите од еболата.

Во последниот таков инцидент, што се случил во неделата, две лица биле тешко повредени, а оштетени биле и две возила.

Според извештајот на конгоанските власти, присуството на вооружени групи во областите Џугу, Ируму и Мамбаса во провинцијата Итури сериозно го ограничува пристапот на хуманитарните и здравствените работници до погодените региони.

Трите провинции, Итури, Северен Киву и Јужен Киву, со години се погодени од вооружени конфликти, што дополнително ја усложнува борбата против ширењето на опасниот вирус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk