logo
logo
logo

КРЕМЉ ОТКРИВА колкави се шансите за средба меѓу Путин и Зеленски

Vecer | 05.06.2026

КРЕМЉ ОТКРИВА колкави се шансите за средба меѓу Путин и Зеленски

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оцени дека постојат 50 отсто шанси претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, да се состанат во текот на летото.

„Теоретски 50 отсто: или ќе има или нема да има средба“, изјави Песков за Спутник на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Да потсетиме, Путин и Трамп се состанаа во август минатата година на Алјаска.

Кога станува збор за контактите со францускиот претседател, засега телефонски разговор со Емануел Макрон не е на агендата на рускиот претседател, додаде тој.

Путин, меѓутоа, е подготвен за средба и дијалог со Макрон, додаде портпаролот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk